Појадок. Во раните утрински часови, посета на Пештерата на Откровението во која Светиот апостол Јован Богослов ја пишувал последната книга на Новозаветниот канон – Откровение или Апокалипса. Единствена можност за присуство на Светата божествена литургија во пештерната црква.
Во продолжение на денот, посета на манастирот Благовештение – изграден над монументалните карпи на југозападната страна од селото Хора. Поклонение во црквата на Благовестието, подигната во 1613 година од монахот Никифор Критски, собрат од манастирот Св. Јован Богослов.
Црквата во 1937 година, од страна на големиот духовник јеромонахот Амфилохије Макрис, е претворена во прекрасен манастир кој живее и денес. Слободно време за одмор и индивидуални активности до полноќното заминување од островот Патмос. Ноќно пловење.
📗
Пештера на Откровението
Светото место каде Св. Јован Богослов во 95 г.н.е. ја примил визијата и ја напишал книгата Откровение (Апокалипса) — последната книга од Библијата. UNESCO светско наследство.
⛪️
Манастир Благовештение
Изграден над карпите на с. Хора во 1613 г. од монахот Никифор Критски. Во 1937 г. јеромонахот Амфилохије Макрис го претворил во жив манастир кој функционира и денес.
🚶
Света Литургија во пештера
Единствена можност — присуство на божествена литургија во самата пештера каде е напишано Откровението. Доживување кое се случува само на Патмос.
📗 Пештера на Откровението
🚶 Св. Литургија во пештера
⛪️ Благовештение (1613)
📚 Амфилохије Макрис (1937)