AMMON ZEUS HOTEL ***** - Калитеа
Локација: Хотелот Ammon Zeus има локација покрај плажа на популарното место Калитеа, на првиот крак Касандра. Хотелот се наоѓа на само 5 минути пешачење од центарот на Калитеа. На еден километар се наоѓаат најпознатите барови и ноќни клубови. 
Сместување: Сите соби имаат приватен балкон со поглед кон морето или градината. Опремени се со клима уред, сателитски LED телевизор 32", фен за коса, фрижидер или мини бар и сеф со големина за лаптоп.
Содржина: Хотелскиот ресторан служи појадок и вечера на шведска маса со традиционални грчки и медитерански јадења, приготвени од свежи, локални производи. А ла карт ресторанот Greco's служи свежа морска храна. 
Хотелот располага со бизнис центар кој нуди копирање, печатење, скенирање и интернет услуги со дополнителни трошоци. Исто така, достапна е игротека за деца каде родителите можат да ги забавуваат своите деца.Хотелот располага со спа центар со џакузи, хамам, сауна и мала теретана. Во неговите капацитети се вклучени базен со летна тераса и детски базен. Бесплатен WiFi е обезбеден во сите делови. Приватен паркинг е можен со доплата.
Плажа: На плажата со Сино знаме се изнајмуваат лежалки и чадори, како и водни скии, џет-скии и морски велосипеди. Баровите покрај базенот и плажата нудат коктели, здрави пијалоци и вкусна храна.