Албанија или официјално Република Албанија е земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Средоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад, и брег на Јонското Море на југозапад и тоа ја прави богата туристичка дестинација.
Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата. Бил основан во 1614 г. од страна на Сулејман-паша, а станал главен град на Албанија во 1920 година. Не е лесно да се опише Тирана со неколку зборови. Описите како „жив град“, „шарен град“ се само обид да се создаде некаков впечаток за културата, страста и уживањето што може да се најде во градот. Без разлика дали станува збор за посета на некоја од атракциите, музеите и околните замоци или вечер во клубовите и баровите во најмодерните делови на градот, секој ќе си го најде својот интерес за посета на Тирана.
Албанија е мултикултурна и мултиетничка земја. Најголемиот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.
Кога станува збор за туристичките дестинации покрај море меѓу најпознатите се Велипоjе, Шенѓин, Драч, Валона, Дерми, Саранда, Ксамил...
Албанската кујна е претставник на кујната на Медитеранот. Тaа е пример за медитеранска исхрана заснована врз важноста на маслиновото масло, овошјето, зеленчукот и рибата. Традициите за готвење на албанскиот народ се различни како резултат на факторите на животната средина. Маслиновото масло е најстарата и најчесто користената растителна маст во албанското готвење, произведена уште од антиката низ целата земја, особено долж крајбрежјето.
Гостопримството е од фундаментална важност на албанското општество и сервирањето храна е составен дел, за гостите и посетителите да се чувствуваат добредојдени. Не е реткост посетителите да бидат поканети да јадат и да пијат со локалното население. Средновековниот албански кодекс на чест, наречен беса, резултира со грижа за гости и странци како чин на препознавање и благодарност.
Визен режим: При влез на македонски државјани на територија на Република Албанија, не е потребна виза. Границата може да ја поминете и со лична карта.
Важност на пасош: При влез во Р. Албанија, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 90 дена од датумот на пристигнување.
Официјална валута во Албанија
Официјална валута е албанскиот лек – ALL. 1 евро = 124 лека или 100 лека = 50мкд (македонски денари)
Службен јазик
Во Република Албанија официјален службен јазик е албанскиот. Останати јазици кои се зборуваат се италијански, грчки, македонски...
Здравствена заштита при вашето патување во Албанија
Доколку е потребно, на рецепција во хотелот можете да повикате дежурен лекар. Во секој поголем град постојат добро снабдени приватни болници, во кои трошоците за лечење можат да се покријат преку осигурување. Препорачуваме склучување на договор за осигурување, со асистенција во странство, со оглед на тоа што трошоците за лечење во болница можат значително да се зголемат. Информации во однос на актуелните препораки и здравствено осигурвање можете да прочитате на страницата на надлежното министерство. Во секој град се наоѓаат аптеки.
Религија во Р.Албанија
Во Албанија има мешавина од религии, но мнозинството луѓе се муслимани, околу 60%. Останатото население се христијани (православни или католици), евреи...
Албанската кујна