ТУРЦИЈА

Турција е земја во југозападна Азија. Главен град на Турција е Анкара, а најголем град е Истанбул. Турција излегува на брегот на Црното Море, Мраморното Море, Медитеранот и Егејското море и тоа ја прави интересна туристичка дестинација.

Таа е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Претставува земја со неопислива убавина, богатство, традиција, природа итн. Интересно е и присуството на античка грчка култура, што е уште поинтензивно отколку во самата Грција.
Турција е земја што може да задоволи различни туристички потреби. Изобилува со тивки заливи, плажи, села и метрополи.

Во Турција најголема метропола е Царскиот Истанбул. Град со милиони жители и единствениот град кој лежи на два континента. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Аја Софија, Фенербахче и други. Кога станува збор за други дестинации во Турција, она што дефинитивно треба да се посети се Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Кемер и Белек.

Турција е позната и по фолклорот и стомачниот танц. Кога станува збор за гастрономијата, храната е особено специфична и зачинета со необични ароми. Секој мора да проба ќебап, дулма, ратлук или баклава.

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Општи информации

 
ГЛАВЕН ГРАД: ИСТАНБУЛ
 
ПОВРШИНА: 783,356 km2
 
ПОВИКУВАЧКИ КОД: +90
 
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: ТУРСКИ
 
ВАЛУТА: ТУРСКА ЛИРА
 
ВРЕМЕНСКА ЗОНА: GMT + 03:00

Нашите патувања


ПОЗНАТИ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА

САРИМСАКЛИ

Галерија

ЗНАМЕНИТОСТИ

Клима

İSTANBUL WEATHER

Интересни факти за турција

  • Дури 13 локалитети во Турција се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО
  • Едно од најпопуларните задоволства е пудинг од пилешки гради (комбинација на пилешко, млеко, шеќер зачинет со цимет) 
  • Првите лалиња беа направени во Турција - овој прекрасен цвет беше воведен за време на Отоманската империја. 10.000 растителни и 80.000 животински видови живеат и растат во Турција 
  • Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри 
  • Познатата Троја не била во Грција, туку во Турција 
  • Популарниот стрип јунак Загор, кој се стекна со најголема слава во Италија и земјите од поранешна Југославија, е многу популарен и во Турција. Турците дури снимија и филм за него 
  • Познатите зборови на Цезар „Дојди, види, освои“ биле изговорени во Турција

Важни информации

Визен режим: При влез на македонски државјани на територија на Република Турција, не е потребна виза.
COVID-19 За влез и транзит низ Република Турција, потребно е да се приложи негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Важност на пасошПри влез во Р.Турција, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 150 дена од датумот на пристигнување.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Официјална валута во Турција

Официјалната валута е турска лира. 1 турска лира (TL) = 6.88 македонски денари (MKD). : 1,00 TL = 0,11 € TL/EUR

Службен јазик во Република Турција

Во Република Турција официјален службен јазик е турскиот. Останати јазици кои се зборуваат се курдски, арапски, грчки и ерменски.

Здравествена заштита при вашето патување во Турција

Доколку е потребно, на рецепција во хотелот можете да повикате дежурен лекар. Во секој поголем град постојат добро снабдени приватни болници, во кои трошоците за лечење можат да се покријат преку осигурување. Препорачуваме склучување на договор за осигурување, со асистенција во странство, со оглед на тоа што трошоците за лечење во болница можат значително да се зголемат. Информации во однос на актуелните препораки и здравствено осигурвање можете да прочитате на страницата на надлежното министерство. Во секој град се наоѓаат аптеки означени со големата буква Е (турски: EKZANE) на бела позадина.

Религија во Република Турција

Државна религија е исламот. Рамазан (месец на постите) во исламот е свето време. Постот почнува на заоѓање на сонцето, а завршува со неговото излегување. Рамазан е секоја година во друго време. Согласно со локалните прописи, одредени културни знаменитости можат да бидат затворени и со тоа можни се промени во програмата на патувањето.

Турската кујна

На крстопат меѓу мноштво култури, не е чудо што турската кујна изобилува со вкусови. Тука е собрано најдоброто од азиската, европската и блискоисточната кујна и поради тоа турската гастрономија е еден од најуспешно извезуваните продукти на земјата. Можеме да ви раскажуваме цел ден, но за да пробате совршен ќебаб, ќофте, мезе, баклава, дондурма, цел свет од десерти... ќе мора сами да ја посетите оваа прекрасна земја. Турција има мноштво отворени продавници и базари каде што може да пробате традиционални деликатеси. Не заборавајте да си купите нешто и од пазарот на зачини. Нам Балканците турската кујна ни е особено блиска. Ако се одлучите да ја посетите Турција, покрај овие работи, мора да испробате што повеќе од нивните разноразни зачини и јадења.

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Од нашиот блог