СИВИРИ

Сивири е мало место на западниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра. Изграден е во стил на амфитеатар покрај песочниот брег. Познат е по фестивалот Касандра што се одржува тука секоја година во јули и август во античкиот амфитеатар во непосредна близина на местото, па доколку имате желба, може да погледнете дел од содржините.
Морето овде е плитко и чисто и вашите малечки сигурно ќе уживаат. На плажите има повеќе бич-барови во кои може да се освежите. Песокот е ситен и создаден за одбојка или пинг-понг на плажа, воопшто за забава.

VILLA SIRTAKI
Вила Сиртаки е лоцирана во во Сивири, на околу 50 метри од хотелот Џени и околу 200 метри од плажа. Располага со 1/3 и 1/2+2 апартмани сместени на 1ви кат, со голема и комплетно опремена кујна...

HOTEL JENNY ***
Хотелот се наоѓа на првиот крак Касандра во местото Сивири, на околу 250 метри од песочна плажа.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, детски базен, бар покрај базен (pool bar), snack бар, бежичен интернет (wi-fi), лежалки и чадори покрај базен, паркинг...
Сместување: собите се опремени со тоалет, мини бар, фрижидер, интернет, балкон со поглед на градина или море.


МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА СИВИРИ

Освен што е супер избор за семеен одмор со мали деца, локацијата е одлична и доколку сакате да прошетате. На западната страна на Касандра може да ги посетите Фурка, Елани и Посиди.
Особено ви го препорачуваме ‘Ртот Посиди, најзападната точка на Касандра. Станува збор за тесен песочен нанос кој навлегува во морето и на крајот се извиткува и се врти наназад. За да уживате максимално во ова искуство потребен ви е ваш чадор, храна и вода. Сместете се токму на крајот од песокот и ќе добиете две плажи и неверојатна глетка. 

* Посиди се наоѓа на 15 минути возење, а Фурка и Елани се уште поблиску. На источниот брег, пак, на 13 минути возење е Калитеа, на 22 минути -  Афитос и на 24 минути - Полихроно.