Полихроно

Во срцето на Касандра, на помалку од 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики. Совршено е не само за семеен одмор – Полихроно е одличен избор за сите генерации. Може да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да прошетате во околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети, пекарници ви се на дофат, па нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има и аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед.

VILLA STASHA
Вилата STASHA Apartments се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од околу 190 метри од градската плажа. Во својот состав брои голем број на двокреветни и трокреветни студиа, како и апартман...

VILLA ASIMENIA
Вила ASIMENIА се наоѓа во стариот дел на Полихроно во близина на центарот на ова туристичко место. Овој објект има трокреветни студиа, апартмани со една спална за три и
четири лица и истите се респоредени на високо приземје


МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА ПОЛИХРОНО

За сите љубители на активен одмор, кои не сакаат деновите да ги поминуваат секој ден на иста плажа и на исто место, Полихроно е добра вест – околината на Полихроно е исклучително интересна.

Oстровот Келифос
Ви ја препорачуваме организираната тура до островот Келифос (желка) до кое одат повеќе бротчиња. Бротчето ќе ве одведе до живописна лагуна каде што ќе можете да уживате во едно од најубавите капења – директно од бротчето. Островчето има форма на желка и на него нема плажи, но бротчето ќе биде ваша плажа, а токму тоа е посебно доживување.
Постојат и целодневни тури со кои може да крстарите околу Касандра. Тоа е вистински одмор.
На само три километри од Полихроно се наоѓа езерото Мавробара. Овде може да тргнете во обиколка во сафари-џип и, повторно, да уживате, бидејќи природата е недопрена.
Езерото Мавробара
Секако, во непосредна близина се и другите познати летувалишта, како Ханиоти, Пефкохори и Калитеа, па зошто да не ги посетите. Не пропуштајте ја плажата Ксенија, која се наоѓа сосема близу до Полихроно.
Плажата Ксенија
Кога одите од Пефкохори кон југот на полуостровот, патот ве води кон една од најубавите плажи, т.н. "Златна плажа". Златната плажа е организирана плажа со убави камчиња, песок и многу чисто море и е особено популарна кај семејствата со деца. На истиот дел од брегот е плажата Ксенија или Крусо како што туристите сè уште ја нарекуваат.
Морето овде е исклучително транспарентно. Внатрешноста на плажата е полна со борови дрвја, благодарение на кои има природни сенки. Исто така, постои можност да се вклучите во разни спортски активности како и спортови на вода. Оваа плажа е многу посетена, па затоа понекогаш е и преполна.
Доколку сакате да земете лежалки во некој од баровите, подобро е да ја посетите во утринските часови.