Манастир Тумане

Амбиенталната убавина од една и духовниот мир од друга страна, на манастирот Тумане е идеална дестинација за воздигнување како во духовна така и во културно - историска смисла. 
Манастирот Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац.
Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во  теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изрежал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидините на величенствената тврдина.
Како изгледале црквата и комплексот манастири Тумане не е возможно да се утврди со оглед дека во средниот век и турското ропство манастирот ги носи бремето и страдањата на својот народ. Манастирот бил ограбен, срушен, запален но како и народот секогаш бил обновуван. Сегашната црква е подигната и осветена во 1924 година.

За настанувањето и името на манастирот Тумане/Тумана/Туман нема сигурни податоци и истите се јавуваат во (XIX век) врз основа на кои се запишани устните преданија.  
Доколку ги земеме во предвид народните сеќавања манастирот Тумане/Тумана/Туман настанал како задужбина на косовскиот јунак Милош Обилич (Милоша Обилића) за кој се смета дека владеел со делот од денешно Браничево (Браничева).
Пред косовската битка манастирот сеуште не бил довршен па Свети кнез Лазар со зборовите „Ту мани„ повикал да се престане со ѕидање на манастирот.
Другата приказна која е поврзана со настанување на името на манастирот е преданието според кое косовскиот јунак Милош Обилич (Милоша Обилића) ловејќи во густите шуми на околните манастири го ранил со стрела Светиот Зосим. Носејќи го ранетиот и неподвижен Зосим кон својот двор со цел да му го спаси животот, на местото каде што сега манастирот Свети Зосим го молел Милош Обилич да го остави со зборовите: „Ту мани и пусти ме да умрем“. На местото каде Свети Зосим ги изговорил своите последни зборови Милош Облич го погребал, а над гробот ја изградил црквата, односно манастирот кој до ден денс го носи името Туман-Тумане, а токму на ова место верниците наоѓаат благослов и утеха преку молитвите за заздравување и исцелување.
Преподобен Свети Зосим Тумански е еден од монасите од втората половина на XIV век кој дошол во Србија за време на владеењето на Кнезот Лазар.
Свети Зосим Тумански  бил голем молитвеник и духовник кој според преданието живеел сам во камена пештера кај денешниот манастир Туман која е сеуште зачувана во негов спомен.
Моштите на Свети Зосим Тумански се наоѓаат во црквата Туман и се откриени на 08. Август 1936 година.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:


1 ден (сабота) СКОПЈЕ - ТУМАНЕ
Состанок на групата во 22:30 часот на паркингот пред хотелот 'Holiday Inn' во Скопје.
Поаѓање во 23:00 часот кон Србија (ноќно возење) со попатни паузи за царински формалности и одмор. 

2 ден (недела) ТУМАНЕ – ГОЛУБАЦ - СКОПЈЕ
Пристигнување во Манастирот Тумане во раните утрински часови.
Во 06:30 часот се упатуваме во манастирот за да присуствуваме на литургија и групна молитва. По литургијата заминуваме кон камената пештера во која живеел Свети Зосим. Покрај пештерата извира лековита вода од која патниците може да си понесат за здравје. 
Во 12:00 часот се враќаме во манастирот каде ќе присуствуваме на уште една групна молитва.
По завршување на молитвата се уаптуваме кон Голубац (Голубачки град или Голубац) средновековна тврдина споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии.

Во 16:00 часот заминуваме кон Скопје со кратка пауза во Предејане.  
Возење преку Србија со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

Цена на аранжманот: 1.500,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Организирани посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)
- Евентуални влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)
- Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, произлезени од лични потреби.

Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ