Манастир Свети Василиј Острошки
По Христовиот гроб и Светата гора, Манастирот Острог во Црна Гора е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.
Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.
Митрополитот Василиј се упокоил токму во манастирот Острог, а на местото на кое што тој ја испуштил својата душа, никнала винова лоза, која што вирее и ден денес.
Недолго потоа, митрополитот Василиј бил канонизиран за светец на Српската православна црква, која што секоја година, на 12-ти мај, слави во негово сеќавање.
Од тогаш, па до денешен ден, непрекинато се случуваат чудата на Свети Василиј Острошки.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Термини на поаѓање: 02, 16 и 30 Април 2021
1 ден (петок) СКОПЈЕ – ОСТРОГ
Состанок на групата во 19:30 часот на паркингот пред хотелот 'Holiday Inn' во Скопје.
Поаѓање во 20:00 часот кон Црна Гора (ноќно возење) преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора.
2 ден (сабота) МАНАСТИР ОСТРОГ
Пристигнување во утринските часови. Пристигнувањето во Острог и организација на групата со можност за пешачење до манастирот или користење на организиран локален превоз со минибус.
Пристигнување во манастирот Свети Василиј Острошки и посета на Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир.
Факултативно разгледување на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му биле пресечени рацете и бил погубен од страна на Турците во 1712 година.
Доколку има можност ноќевањето во манастирот е организирано во конаците во Горниот Манастир - каде не се наплаќа ноќевање и во Долниот Манастир- конаци Св. Тројца каде ноќевање е 5 евра (уплата на лице место), патниците кои тука ќе ноќеваат потребно е најдоцна до 21-22 часот да се сместат во собите во конакот. Доколку нема можност ноќевањето е во самиот двор на манастирот во вреќи за спиење.
3 ден (недела) МАНАСТИР ОСТРОГ – ПОДГОРИЦА – СКОПЈЕ
Напуштање на манастирот во 08:30 часот и заминување кон Подготица со кратка пауза за појадок во Делта Сити центарот. Возење преку Црна Гора, Албанија и Косово со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 1.500,00 мкд
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Ноќевање во дворот на манастирот во вреќи за спиење
- Организирани посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)
- Сместување во конаците на манастирот.
- Евентуални влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)
- Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, произлезени од лични потреби.
Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- Ноќевањето во манастирот е организирано во конаците во Горниот Манастир - каде не се наплаќа ноќевање и во Долниот Манастир- конаци Св. Тројца каде ноќевање е 5 евра
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ