ПИЕРИА - Земјата на боговите...

Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот - Пиерија. Богат со многу природни убавини, археолошки ископини, остатоци од многуте цивилизации кои поминале низ него, овој регион самиот за себе го потврдува епитетот дека е “земја на боговите”. Доклоку сте размислувале да комбинирате одмор покрај море, со можност за рекреирање и уживање во планинската опкруженост, регионот Пиерија е вистинскиот избор за Вас! Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиерија и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Паралија, Олимпик Бич, Лептокарија и Неи Пори.

ЦЕНОВНИЦИ (ПО ДЕСТИНАЦИЈА) - ЛЕТО 2022





ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА

ПОСЕТА НА СОЛУН 
Посета на еден од најстарите градови во Европа. Солун е спој на многу историски знаменитости и современ шопинг центар. Кога ќе го посетите Солун, не заборавајте да ги видите: Белата Кула (симболот на Солун), Археолошкиот музеј, Универзитетската област и неколкуте централни цркви, како што се: Св. Софија, Св. Димитрија и др.
Воедно не заборавајте да ги посетите и добро познатите шопинг центри каде дефинитивно би го нашле она што ќе го замислите. А, по големиот шопинг Ви предлагаме да испиете едно добро кафе во некоја од кафетериите покрај Егејското Море.
________________________________________
   
КРСТАРЕЊЕ ДО ОСТОРОВОТ СКИЈАТОС 
Одете на незаборавно крстарење до островот Skiathos, каде што ќе се вратите среќни. Skiathos е мал живописен остров на 50 км2 кој наоѓа во Егејското Море. Постојат повеќе од 60 песочни плажи, вклучувајќи ја и најубавата и најпосетена плажа Koukounaries (што значи шишарка) или позната како златна плажа поради кристалниот песок и прекрасната сина боја на морето, која е дел од 40 километарското крајбрежје. Внатрешноста на плажата е Национален парк со борова шума. Посета на монденскиот Skiathos Town, кој е главен град на островот. Секој кој бил еднаш да го посети островот ќе сака повторно да се врати.
________________________________________
   
WATERLAND 
Поминете еден незаборавен ден во еден од најголемите водни паркови во Грција. Паркот нуди 6 различни програми. Можете да уживате во разновидните тобогани, лизгалки и скокалници. Ова е парк за сите, каде за безбедноста се грижат луѓе ангажирани специјално да внимаваат на Вашите чекори. Избегајте од секојдневието и уживајте во лудиот и незаборавен Waterland!
________________________________________
   
ГРЧКА ВЕЧЕР 
Релаксирајте се во типична традиционална грчка таверна каде узото и грчката салата се на главно мени. Не заборавајте да нарачате свежа морска храна, прекрасно зготвени специјалитети како и традиционалното грчко вино - Рецина. За време на вечерата ќе Ве забавуваат свирачи и танчери на кои слободно ќе може да им се придружите и Вие.
________________________________________
   
МЕТЕОРИ 
Целодневна посета на еден од шесте средновековни манастири изградени на високите камени карпи. Манастирската населба Метеори е сместена на огромни и стрмни карпи кои нагло се издигнуваат на северозападниот раб на Тесалија. Метеорите се карактеризираат со специфичен пејзаж, ретко виден во останатите делови од светот, кој кај секој посетител предизвикува мешавина од стравопочит и восхит. Тоа било единственото место каде монасите се чувствувале безбедни, каде можеле да ги подигнат своите светилиштата, а притоа да ги заштитат од најразличните грабливци, крадци и други злосторници и да уживаат во својата сигурност. Со текот на годините тие створиле една вистинска монашка населба, составена од повеќе манастири, потпомогнати со многу подароци, донации и привилегии од многуте побожни аристократи и владетели. Последица на тоа се многуте свештеници, кои всушност се јавуваат како основоположници на оваа необична населба, на кои на поголемиот дел не им се познати имињата, а меѓу нив се споменуваат Св.Стефан, Сретење, Русана, Св. Ѓорѓе Мандилски, Св. Никола Анапавсис, Св. Григориј...

Денес само шест манастири сеуште функционираат: најголемиот, подигнат во 14.век Свето Преображение чија зграда служи како главен музеј за многуборјните тирусти, Варлам, вториот по големина манастир во овој комплекс изграден 1541г., Св. Никола Анапавсис, мала црква изградена во 16.век, Русана или Св. Варвара, подигната во средината на 16.век, Св. Стефан, изграден во 16.век, кој за време на 2. Светска војна бил разрушен од Нацистите под сомнение дека претставувал засолниште на борците против Окупаторот. Подоцна бил возобновен од монахињите и Света Тројца, кој се наоѓа на врвот на карпите, изграден во 1475г., а познат е и по тоа што 1981г. овде се снимани кадри од филмот “For Your Eyes Only” од серијалот Џејмс Бонд.
________________________________________
   
ДИОН
Дион е најгoлемиот антички локалитет под Олимп, кој е познат по археолошкиот музеј и археолошките наоѓалишта со остатоци од три цивилизации. Местото го носи името Дион во чест на богот Зевс (на грчки Диас) и бил голем верски центар , место каде се обожувале грчките богови. Дион е местото каде Филип Втори доаѓал да ги прославува своите победи, а Александар Maкедонски доаѓал да принесе жртва подготвувајќи се за своите големи походи на исток.
________________________________________
   
ОЛИМП И ЛИТОХОРО
Планината Олимп е највисоката планина во Грција, нејзината највисока точка изнесува 2.917 метри.  На падините под Олимп се наоѓа планинското гратче Литохоро најголемо во овој регион со богата историја. Дознајте зошто боговите од грчката митологија ја одбрале токму планината Олимп за нивно престојува-лиште.