ОСТАНАТИ ПЛАЖИ НА ПИЕРИА
Skotina
Во близина на плажата, само неколку километри е оддалечено старото традиционално село Ано Скотина со црква од 14 век и камени куќи од 17 и 18 век. Плажата е пространа, покриена е со златен песок и за беспрекорна вода неколку пати е доделена сино знаме. Делумно е организирана, на некои места има лежалки и чадори, а има и природна сенка. Исто така постои и меѓународен центар за млади и најголемиот камп на Балканот, така што во текот на летото се организираат музички и културните настани. Плажата е долга и широка, така што може да прими голем број посетители и лесно е достапна.
Pydna
Ова е прекрасна, долга и широка плажа покриена со златен жолт песок. Има добиено сино знаме за исклучително чисто море. Организирана е со лежалки и чадори каде што можат да се изнајмат, а има и природни сенки. Исто така постои и бар со освежителни пијалоци и лесна грчка музика. Поради широчината, плажата е добра и за спортови на песок. Во близина на плажата се наоѓаат остатоците од византиските утврдувања кои сè уште чекаат да бидат истражени. Лесно е достапен и идеален за семејства со деца и секој што не сака премногу гужва.
Litochoro
Прекрасна плажа комбинација со камчиња и златен песок, се наоѓа во подножјето на Олимп и е многу лесно достапна. Добро организирана, со кафулиња и таверни, каде можат да се изнајмуваат лежалки и чадори. Во близина на оваа плажа има хотели, кампови, како и рибни ресторани кои нудат свежа риба.
Alikes Kitros
Плажата е песочна, долга, широка, пространа и никогаш не преполна. Специфично за оваа плажа е лековитата кал. Покрај лежалки и чадори што можете да ги изнајмите, нема други објекти на оваа плажа. Лесно е достапна и се препорачува за љубителите на природата и тишината.
Gritsa
Оваа плажа се наоѓа во подножјето на планината Олимп,покриена со камчиња, а морето е кристално чисто. На плажа има лежалки и чадори за сонце кои можат да се изнајмат. Долга е околу 2 км, иако има потесни делови со малку природна сенка. Плажата гарантира релаксиран и мирен престој. Исто така, постои марина за мали чамци и неколку луксузни хотели во близина.
Kalivia Varikou
Оваа плажа е долга 3 км, широка, покриена со песок и камчиња. Морето е топло и плитко, па затоа е идеална за семејства со мали деца. Плажата не е организирана, нема содржини, па затоа е потребно да донесете сè што ви треба за да останете на неа. Лесно е достапна и е идеална за целодневно уживање.
Korinos
Оваа плажа е долга неколку километри, песочна, со многу плитко и кристални чисто море, па затоа е идеална за семејства со деца. Покрај самата плажа има барови каде што можат да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, и лесно е достапна.
Makrigialos
Овој мал крајбрежен град се наоѓа на северот од регионот Пиерија. Плажата е песочна, тесна и долга, а по целата плажа има лежалки и чадори што можат да се изнајмат. Морето е многу чисто. Во внатрешноста на плажата има таверни, барови и одлични ресторани за риби. Плажата е тивка, како и самото место, па затоа се препорачува на сите што сакаат да се релаксираат без премногу гужва и врева. На самиот северен крај на плажата, има еден мал скриен песочен залив Agios Giannis, неорганизиран, особено привлечен за оние кои сакаат да бидат сами и уживаат целосен мир. Плажата Макригиалос е лесно достапна, бидејќи се наоѓа веднаш под главниот пат.
Олимпик Бич
Олимписката плажа е многу долга, песочна, морето е топло и чисто, а децата тоа најмногу го сакаат заради убавиот песок и долгите плитки. Добро е организиран, има лежалки и чадори, барови, тушеви и кафулиња. Исто така, има детски парк и нуди забава за љубителите на спортови на вода и песок. Во близина на плажата има пешачка зона со разни продавници, маркети, ресторани, бутици, хотели и приватни вили. Ова место нема толку богат ноќен живот, но заради близината на Паралија, тука има и многу млади луѓе, иако плажата е идеална за семејства. Лесно е достапна, од Паралија може да се стигне со локален автобус, автомобил или прошетка по плажа
Leptokaria
Иако ова одморалиште е многу популарно, плажата не е преполна, бидејќи е многу пространа. Погледот на божествениот Олимп, шеталиштето покрај плажата и паркот го прави ова место привлечно. Во близина има многу хотели и вили, ресторани, маркети, кафулиња, дискотеки, како и пешачка зона.
Плажата е долга и широка и е комбинација на песок и камчиња, со топло и чисто море. Влезот во водата е со нормална длабочина, па затоа плажата е погодна за децата, не-пливачи, но исто така и за пливачи. Организирана е, има многу барови, таверни, делови со тушеви, лежалки и чадори, но и такви каде што нема никој, за оние што сакаат малку мир.
Paralia
Оваа космополитска плажа е долга неколку километри, со фин песок на брегот и во водата и многу топло и чисто море. Плажата е многу добро организирана, и покрај неа има многу барови, ресторани, таверни, маркети, продавници за сувенири, облека, обувки, кожа и крзно, накит, голем број на различни вили и хотели за сместување… Оваа плажа ќе ги исполни очекувањата на сите: заради многу плитко море и разни паркови и игри, се препорачува за семејства со деца; поради бројните барови и богатиот ноќен живот е идеално за младите кои сакаат да се забавуваат; одлично е за паровите кои сакаат да шетаат по долгата плажа, како и за гурманите, љубителите на шопинг… Не е само за оние кои бараат мир и тишина и не сакаат гужва, бидејќи оваа плажа е секогаш жива, особено во нејзиниот централен дел. Во јужниот дел на плажата, кога се упатувате кон олимписката плажа, има марина за помали чамци.