ЛЕФКАДА - Вистинска игра на морето...

Нашето најголемо "јонско откритие", веќе неколку години се осликува во островот Лефкада. Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното. Градот Лефкас кој иако не е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средозамјето. онскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за “екстремен” сурфинг со падобран на северниот дел од островото, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Неговиот најпознат туристички бисер на источната страна од островото е градчето Нидри, а пак на западната страна кон отвореното море - живописното гратче Агиос Никитас.

ЦЕНОВНИК (ЛЕФКАДА) - ЛЕТО 2022





ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА

Крстарење до островите околу Лефкада
Најпопуларна екскурзија во Лефкада е всушност еднодневното крстарење кое несомнено е незаборавно искуство.
• Ова крстарење започнува од пристаништето во Нидри од каде се плови околу брегот на Лефкада до плажата Егримни. На оваа плажа се прави  кратка пауза за пливање и сончање.
• Втора дестинација на ова крстарење е Порто Кацики една од најубавите плажи во Европа.
• Незаборавно искуство е посета на Фискардо  на островот  Кефалонија, која се смета за дијамант на Јонското море. Во ова место има пауза за ручек и пливање.
• Следна станица е островот Итака, кој се наоѓа на само неколку километри  од Кефалонија
• Од Итака бродот полови кон Пештерата Папаниколис која се наоѓа во Меганиси. Можност да го овековечите ова пловење со прекрасни фотографии.
• Во попладневните часови се посетува островот Шкорпион кој е во сопственост на семејството Оназис.
• Исто така  покрај островот Шкорпион ќе можете да ги погледнете островите кои заедно со него спаѓаат во познатата група на острови Пригипонисиа односно островите Скорпиди, Спарти и Мадури.
• Враќање во Нидри во попладневните часови.
 
Островото Skorpios – Малиот остров во јонскиот архипелаг, веројатно никогаш немал да биде познат доколку истиот не бил купен и целосно прилагоден за живот на еден милијардер каков што бил Аристотел Оназис. Како еден од трите јонски острови кои денес се само дел од богатството на семејството Оназис (проценето на преку 3 милијарди долари) претставува своевидна туристичка атракција. Овие островчиња, иако се затворени за туристички посети, тие се вистински магнет за многуте туристички крстарења кои почнуваат од Нидри и минуваат токму крај нив. Можеби и вие ќе бидете на некое од нив, гледајќи ги куќите на Оназис или пак капејќи се во островската лагуна на Жаклина (Кенеди) Оназис. Аristotelis Onasis (1906 – 1975) eден од најголемите светски бродовласници кој за својот живот успеал да добие битно место во светската историја, е поврзан токму со островот Лефкада и со Јонското море. Роден во Смирна (денешен Измир), како млад грчки емигрант од Турција, успева низ својот динамичен и полн со интриги живот, да стане синоним за успешен бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во светот. Дали неговото богатство, политичките интриги, бурниот љубовен живот (Марија Калас, Жаклина Кенеди...) или пак несреќите кои ги прателе неговите наследници, ден денес ги привлекуваат илјадниците туристи да се потсетат на приказните за него. Големиот Ари – човекот кој со помош на морето и бродовите владеел со светот, денес е легенда која живее токму тука – на неговиот остров Шкорпион и блиската Лефкада.
A Plan for Skorpios: The Future of the Island Once Owned by ... The Greek island of Skorpios | Third Time Lucky!
 
Сивота, Лефкада
Сивота Лефкада е еден од најубавите заливи на Лефкада, сместен 32км јужно од главниот град. Местото се наоѓа околу син кристален залив, зелени ридови и бујни шуми кои што гледаат кон Јонското море. Прекрасното пристаниште на селото има место и за приватни јахти и е доста блиску до главната плажа. Денес, Сивота е најверојатно најпопуларниот туристички ресорт на Лефкада. Доста е тивко за време на денот но станува многу поживо навечер. Таму има повеќе прекрасни плажи со кристална вода и бел песок, познати по нивната убавина која ќе ве остави без здив и по дивата и недопрена природа. До најголем дел од плажите се стига со брод. Долж пристаништето на Сивота ќе најдете убави таверни и рибни ресторани.
Lefkada Sivota - Lefkada Villages | Greeka.com Sivota - Lefkada tourist guide - Nikana.gr
 
Тврдината Агиа Мавра
Во 1204 година островот Лефкада бил дел од доминацијата на Епирос. Како и да е во 1294г Лефкада потпаднала под владетелство на Французите и била дадена како подарок на Џон, кој во тоа време бил грофот на Орсини. Со текот на времето тој ги изградил темелите на тврдината Агиа Мавра, која што сеуште може да се види како стои исправено на влезот на островот.
Agia Mavra Castle in Lefkada, Greece | Greeka.com The Venetian Castle of Agia Mavra | Lefkada Greece
Тврдината е идеално лоцирана близу Кора. Во времето на нејзиното основање, во средниот век, целата населба била именувана како тврдината Агиа Мавра и историчарите сметаат дека тоа име се однесувало и на целиот остров. Тврдината била изградена во 14 век.  Има претрпено големо реновирање и е добро зачувана до ден денес. Тврдината била изградена од поранешните владетели на Сицилија со првична цел да го заштитува стариот град. Тука се наоѓа и убавата црква посветена на Агиа Мавра, местото станува доста раздвижено за време на летниот период кога тука се одржуваат голем број на културни настани кои привлекуваат многу посетители.
 
Водопади Димосари Нидри
Лефкада има богати складишта со подземна вода која што е една од основните причини поради која поголем дел од островот е со бујно зеленило. Високите планини околу Лефкада се извори на многу водопади кои создаваат каскади низ планинскиот терен за на крај да завршат во морето. Еден од тие воодушевувачки водопади е водопадот Димосари кој што се наоѓа во периферијата на Нидри. Тој завршува во кањон кој што е опкружен со бели карпи. Името Димосари потекнува од зборот Димос, кој што се смета дека била старата држава каде што биле пронајдени безброј воденици. За време на летната сезона, кога температурите растат, туристите доаѓаат на водопадите за да се разладат. Пешачењето низ водата под боровата сенка е прекрасно. Многу блиску до Димосари водопадите се наоѓа приморското селце Нидри.
Lefkada: Dimosari Waterfalls in Nidri Village | Travel Zone Greece Lefkada Greece - Lefkada Travel guide | Greeka.com
 
Манастирот Панагиа Фанеромени
Манастирот Панагиа Фанеромени е најважниот религиозен центар на островот Лефкада. Сместен на еден рид над самиот град, од тука се нуди прекрасен поглед на главниот град, северната страна на островот и брегот од спротивната страна. Сместен е во регионот Фрини и се смета за заштитник на островот. Во согласност со традицијата, манастирот бил првично изграден во 1634 на местото на антички храм посветен на Артемида, божицата на ловот. На ова место, студентите на апостол Павле го проповедале христијанството пред неколку векови. Во 18 век, манастирот бил реновиран, но за несреќа настрадал во пожар. При крај на 19 век, манастирот бил повторно реновиран. Денес тука се наоѓа црковен музеј со ретки византиски икони, стари ракописи и евангелија.
Monastery of Panagia Faneromeni - Lefkada, Ionian Islands Faneromeni Monastery | Sacred Monastery of Lefkada island
 
Athani лоцирано e 36 км северно источно од градот Лефкас. Прекрасно планинско село во внатрешноста на островот, има околу 200 житеи и најголем дел од нив се занимаваат со земјоделство и туризам. Првите луѓе кои се населиле во Атани биле Италијанците а пак во доцниот 15 век во селото дошле шпански евреи. Помеѓу 1950 и 1960 многу жители имигрирале во други држави и други грчки градови, во потрага по подобар живот и подобри работни услови. Денес селото има добра развиена туристичка инфраструктура. Атани нуди мноштво на модерни удобности како мини маркети, кафулиња и ресторани. Селото претставува едно од најдобрите примери за традиционана архитектура со стари куќи и мали цркви. Атани е блиску до некои од најпознатите плажи како Порто Катсики и Егремни. На само неколку киломтери од селото се наоѓа еден видиковец од каде што може да уживате во погледот на Јонското море и да го гледате убавото зајдисонце. Блиску до оваа локација, се најдени рушевините на древниот храм на Аполон. Атани е една од најинтересните локации на западниот брег на Лефкада бидејќи комбинира природна убавина со многу историски знаменитости. Исто така до тука може да се стигне и со автобус од градот Лефкас.
Lefkada Athani - Lefkada Villages | Greeka.com Athani - mountain village with beautiful sea view - Lefkada ...
 
Karia – село помеѓу планините во внатрешноста на островот, изградено на 500м надморска височина опкружено со бујна вегетација. Се наоѓа на 13 км југозападно од главниот град Лефкас, и има околу 1000 жители. Местото е богато со зеленило и природни извори. Архитектурата на селото е во традиционален стил - тесни улички, стари куќи и мали црквички. Живописниот плоштад е опкружен со чинари и прекрасни кафулиња. Селото е познато по везените изработки со традиционални мотиви. Примероци од овие изработки се изложени во малиот фолклорен музеј во селото. Убав и зачуван обичај е и традиционалната свадба која што се одржува во Кариа секој 11 август.
Perfect getaway to traditional village Karya - Lefkada Travel Blog ... Traditional properties in Karia, Karya mountains Lefkada-Rentals
 
ИТАКА еднодневна екскурзија
Островот Итака се наоѓа источно од Кефалонија и е вториот најмал населен Јонски остров. Главниот град е Вати и се наоѓа покрај заливот Молос. Итака нуди одлична можност за прошетки на оние што сакаат да пешачат. Прекрасни пејзажи, разновидност на диви цвеќиња и диви животни. Со живописни места како Киони и Фрискес. Мал остров, убав за истражување и сеуште недопрен од масовниот туризам, мирен и тивок, одлично место за релаксирачки одмор. Водата на островот е многу бистра и тоа го прави одличен за нуркање , има доста разновиден и шарен подводен свет. Итака е позната пред се бидејќи е дом на Одисеј, и после една посета на овој остров ќе разберете зашто Одисеј толку сакал да се врати дома. Одисеј после борбата во Тројанската војна поминал тешко 10 годишно измачување за да се врати на Итака кај својата жена Пенелопе. Поради оваа причина многумина ја сметаат Итака за симбол на патување на животот и судбината.
Ithaca Greece - Ithaca Travel guide | Greeka.com Ithaca: Anthony Horowitz explores Greece's most mythical island
Многу познати личности како принцот Чарлс и принцезата Дијана од Велс поминале дел од својот меден месец токму на овој остров. На островот може да го посетите манастирот Panagia Katharon, изворот Arethusa од каде што ќе уживате во одличен панорамски поглед на морето, пештерата на Нинфите, се претпоставува дека токму во оваа пештера Одисеј го сокрил своето богатство по враќањето од Троја. А доколку сте љубители на плажата изберете една од многуте плажи како Aetos, Afales, Stavros, Sarakiniko...