COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ТУРЦИЈА - ЛЕТО 2021

Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да го пополнат „Електронскиот формулар“ пред нивното патување на следниот линк:  https://register.health.gov.tr 

Од 01.06.2021 при влез преку сите гранични премини (копнени, воздушни или морски) во Турција, од патниците нема да се бара приложување на негативен ПЦР тест ако приложат официјален документ дека се вакцинирале најмалку 14 дена пред влез во земјата, и/или дека во последните 6 месеци ја прележале болеста. За истите нема да се применува мерката на карантин. Во случај на неприложување на сертификат за вакцинација или документ за прележан Ковид-19 при влез во Турција, ќе треба да се приложи негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влез во земјата и/или негативен брз антиген тест направен во последните 48 часа пред влез во земјата.

Важност на пасош: При влез во Р.Турција, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 150 дена од датумот на пристигнување.