COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА - ЛЕТО 2021 (Март 2021)

 
Во моментов извесни се три начини за влез во земјата:
- Сертификат за вакцинација против Covid 19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или
- Сертификат за прележана инфекција од Covid-19 вирусот
(во период од 2 до 6 месеци пред патувањето, преведен на англиски јазик) или

- Негативен PCR тест (не постар од 72 часа пред патувањето) или брз антиген тест (не постар од 48 часа пред патувањето)

Луѓето кои се вакцинирани ќе имаат дозвола да влезат во земјата без негативен тест и нема да бидат обврзани на карантин.
Сепак, како и во 2020 година, луѓето што влегуваат во земјата преку аеродромот или преку копнените граници ќе продолжат да се тестираат преку брзи тестови по случаен избор.
Бидејќи резултатот од брзото тестирање ќе биде достапен за само неколку минути, во случај на потврден случај, лицето ќе биде спроведено во објекти наменети за изолација од „Ковид-19“ и сите трошоци ќе бидат покриени од страна на Р.Грција.
Наскоро ќе бидат достапни и повеќе ажурирани протоколи за работа на хотелите и сместувачките капацитети.
 
Важни појаснувања:
- Сите горенаведени најави може да бидат корегирани, променети и зависат од моменталната епидемиолошката состојба во Грција.

* НАПОМЕНА:
- Информациите се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми.
Protocol for Arrivals in and Departures from Greece