COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р. БУГАРИЈА

Почнувајќи од 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за Македонски државјани на нејзината територија.
Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

Забраната е укината за сите кои поседуваат:
- Сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза) или
- Сертификат на прележана болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување) или
- Негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).