Услови за влез во Р. Македонија (од 01.септември 2021)

Одлука на Владата на Република С.Македонија донесена на 17.08.2021 (објавена во Службен весник на 18.08.2021) за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од COVID-19....

За влез на територијата на Република Северна Македонија на домашни и странски државјани, почнувајќи од 1 септември 2021 година, на граничниот премин потребно е да приложат еден од следните документи:

-  сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;

- сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајКи од денот на оздравувањето;

- медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија или

- негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.

За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Доколку патникот не приложи еден од бараните документи (сертификат/потврда/тест) ќе биде упатен во домашна изолација во времетраење од 7 дена.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Исклучок од оваа точка се сите видови групни или индивидуални патувања или патници кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, за што задолжително потпишуваат Изјава за транзитирање.


* НАПОМЕНА:
- Дадените информации се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми
- За точни и навремени информации, ве молиме користете го следниот линк -> 
https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19