Калитеа е град и многу посетено летно одморалиште на Касандра, кое се наоѓа на рид над морето. Боровата шума граничи со долгиот песочен брег на Калитеа, до кој се наоѓаат луксузни хотели и апартмани. Плажата е долга, со убав бел песок и плитко море. Во самото место има голем број на таверни, барови, продавници за сувенири... На неколку километри од центарот, има неколку познати дискотеки и ноќни клубови. Затоа не е изненадувачки што Калитеа е многу посетена од младите.