Контактирајте нѐ
Телефон: +389 2 3115 826
Е-пошта: info@savana.travel.mk
ДОМА
ДЕСТИНАЦИИ
ГРЦИЈА
ТУРЦИЈА
ЕГИПЕТ
ХРВАТСКА
ЦРНА ГОРА
ДУБАИ
ТАЈЛАНД
МАЛДИВИ
КУБА
БАЛИ
ЗАНЗИБАР
АРАНЖМАНИ
ОДМОР
ГРЦИЈА
ТУРЦИЈА
ВИКЕНД ПОНУДИ
8-МИ МАРТ
ВЕЛИГДЕН
24-ТИ МАЈ
ПАТУВАЊА
ПОКЛОНИЧКИ ПАТУВАЊА
ТОП ПОНУДИ
АВИО БИЛЕТИ
BOOK ONLINE
Ковид 19 - Информации за хотели во Грција
ГРЦИЈА – ЗДРАВСТВЕН ПРОТОКОЛ ЗА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ
( пост Ковид -19 , скратена верзија )
Грчкото Минситерство за Туризам го објави здравствениот протокол , кој ќе важи за сите хотелски капацитети во државата , а со цел безбедно ре-отварање и вршење на угостителската дејност.
Ре-отварањето на хотелските капацитети во турсистичките места ќе стартува од 15 Јуни.
( детална листа на датум на отварање на секој хотел поединечно погледни тука )
Генерален оперативен план
- Менаџментот на хотелот има за обврска да одреди здравствен координатор за контрола на процесот на следење на здравствените протоколи во секој сектор поединечно ( ресторан, бар, одржување на хигена на собите и сл.)
- секој хотел мора да има доктор на повик, кој може да изврши тестирање на суспектни лица за КОВИД 19, и да дава поддршка и совети при евентуална потреба.
Правила
Хотелски персонал
- Сите вработени во Хотелот мора да бидат детално запознаени со начинот на кој се пренесува вирусот, како би можеле соодветно да ги информираат и своите ценети гости, мора да одржуваат лична и хигена на просторот за кој се назначени како и да ги следат сите препораки за заштита ( често миење и дезинфекција на раце, избегнување на ракување, избегнување на допирање на лицето , носење заштитна операма )
- Се препорачува вработените да имаат скрининг на телесна температура пред почетокот на секој работен ден
- Вработените мора да водат книга на податоци, за сите гости во хотелот ( име и презиме, датум на пристигнување и заминување, контакт телефон, e- mail ) Податоците ќе бидат чувани согласно правилата за заштита на лични податоци .
Се препорачува хотелите редовно да ги ажурираат своите веб страници, во секцијата Ковид-19, во која редовно ке се ажурираат податоци врска протоколите за одржување на хигиена во објектот, а со цел максимална заштита на гостите во текот на престојот.
Рецепција
- Вработените на рецепција мора да одржуваат лична хигиена, да носат заштитна опрема и да ги почитуваат препораките, истовремено и да ги информираат гостите за протоколите во хотелот со цел заштита од Ковид-19.
-Лобито во хотелот треба да биде реорганизирано , со цел да може да се имплементира правилото на 2 метри растојание меѓу лицата кои чекаат на рецепција.
- Задолжително да се дезинфицираат клучевите од собите пред превземање од гостинот
- Да се избегнуваат групни собира на рецепција
- Задолжително да се продолжи периодот меѓу “check out” и “ check in” , со цел да се обезбеди доволно време за дезинфекција на претходно користена соба ( одјавување од собите најдоцна до 11 :00 часот , а превземање по 15:00 часот)
- Да се забрани влез на лица кои не се гости на хотелот
Одржување на хигиена во Хотелот
- Сите хотели треба да практикуваат почеста дезинфекција и длабинско чистење на објектот
- Задолжителна е многу честа дезинфекција на најфрекфентно допираните места во објектот ( пулт на рецепција, кваки, рачки, оперативна табла во лифт... )
- Задолжително детално чистење и дезинфекција на собата како и квалитетна природна вентилација пред превземање на истата од друг гостин.
- Треба да се избегнува често чистење на собите во текот на престојот на еден гостин ( со цел да се минимизира изложеноста на собарките на евентуален контакт со заразено лице и да се превенира понатамошно ширење )
- Промена на постелнина треба да се избегнува и истата треба да се спорведе само по барање на гостинот
- Се прпорачува да се отстрани декоративна постелнина ( прекривки, декоративни перници) како и предмети за заедничко користење ( весници, магазини, мени и сл )
- Далечинските управувачи за ТВ и клима уред, треба да имаат футроли за еднократна употреба ( да се менуваат при секое превземање на собата од нов гостин)
- Текстилно обложениот мебел треба длабински да се чисти со уреди на пареа
- Дневено да се прави природна вентилација на сите соби
- Се препорачува во секоја соба да се стави антисептичен гел
Проткол за храна
- Реорагнизиација на просторот во кујната со цел запзаување на правило на социјална дистанца меѓу вработените
- Храната треба да биде превземана само од специјално назначени лица кои ќе носат целосна заштитна опрема
- Влезот во кујната треба да биде забранет за невработени
- Рестораните треба да го реорганизраат просторот со цел овозможување на правило на социјална дистанца меѓу гостите
- Хотелите индивидуално треба да го дефиниират начинот на послужување на храната ( дали ќе се задржи концептот на шветска маса или ќе се послужува секој гостин поединечно)
Хотелски содржини
Секој хотелот ќе обајви свој протокол за начинот на користење на хотелски содржини , а согласно правилата за одржување на социјална дистанца , како
- Детски игралишта
- Спа
- Фитнес сали
-Само надворешните базени смееат да работат , со тоа што лежалките околу базените мора да бидат поставени на 2 м одалеченост, како и да се контролира бројот на капачи во базенот во ист период.
-Лежалките на плажите треба да бидат поставени така да помеѓу две лежали и чадор има одалеченост од мин 3 метри.
Проширената верзија на правилникот можете да ја погледнете
тука
.
COVID 19
ТАВ Македонија
ИНФО - САВАНА
ИНФО - Хотели во Македонија
ИНФО - Хотели во Грција
Уредба на Р. Грција
PLF формулар за влез во Грција
Општи услови за патување
Правни напомени
Заштита на лични податоци
Патничко осигурување
Savana Travel Club