WELLNESS HOTEL SOTELIA **** TERME OLIMIA

Локација: Хотел Сотелиа се наоѓа во малото гратче Подчетртек, опкружено со бујно зеленило, во близина на шума. Хотелот е поврзан со подземен коридор со Велнес Центарот Термалија и Велнес Орхиделија.
Сместување: Хотелот има 5 ката и 150 соби, сите соби се опремени со бања со туш или када, тоалет, ТВ, радио, телефон, мини бар, сеф, бањарка, клима, интернет конекција, смарт ТВ, балкон.
Содржини: Хотелот располага со неколку различни ресторани, бар и винотека. Исто така има голема понуда за љубитеите на активен одмор односно располага со тениско игралиште, терени за голф (3 км), риболов, билијард, пинг-понг, пикадо, пешачење, возење велосипеди, куглање, јавање коњи, мини-голф, сауна, фитнес центар, солариум, спа и велнес, масажи, хидромасажа, турска/ парна бања, затворен базен (цела година), топли извори, изнајмување велосипеди, казино, библиотека, игралиште, тим за анимација, ноќен клуб . Хотелот има бесплатен WI-FI интернет и хотелски паркинг (резервација не е потребна)
Останати услуги кои се на располагање на гостите со доплата се rent a car, 24-часовна рецепиција, складирање багаж, фотокопир, фризер / салон за убавина, сувенири / продавница за подароци.
Wellness центар: Во хотелот се наоѓа Spa Armonia. Хотелот располага со подземен премин поврзани со Велнес центар на Orhidelia, велнес центар Termalija и базените во хотелот Бреза.

ЦЕНОВНИК 2022 (02.01. - 31.12.2022)


Цените се дадени по лице по ноќевање, минимум престој е 2 ноќи
Цените се изразени во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Дополнителен попуст од  -10% за резервации со 4-6 ноќевања
Дополнителен попуст од -15% за 7 или повеќе ноќевања

Во цената е вклучено:
• полупансион со специјално Olimia buffe и сместување во соба со балкон и клима
• дневно свежо овошје и шише со термална вода во соба
• бесплатен влез во базените на Wellness центарот Termalija RELAX, Термалниот парк Аквалуна и Терме Тухељ
• бесплатен влез во сауна во Термалија
• бањарка и дополнителен пешкир
• аеробик во вода, утринска гимнастика, користење на фитнес сала
• дневна програма исполнета со спортски активности, содржини за забава, мини-клуб за деца со програм за анимација
• Дополнителни содржини: Qi gong & Tai Chi, шест лековити звучни вибрации, "олимското сонце", нордиско одење, забавна јога и останати содржини од програмот за анимација
• ноќно користење во Велнес центарот Термалија – во петок и сабота
• бесплатен WIFI интернет

Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 2,50 € по лице на ден
- Доплата за еднокреветна соба 36,00 € на ден
- Доплата за полн пансион 20,00 € по лице на ден

Доплата за w
ellness пакети:
Wellness Orhidelia
- Во текот на работните денови (понеделник – четврток) 20,00 € по лице на ден (2 влеза дневно)
- За време на викенди (петок-недела) и празници 29,00 € по лице на ден (2 влеза на ден)
- Влез во Termalia Family Fun 12,00 € по лице на ден (петок-недела)
- Влез во Termalia Family Fun 10,00 € по лице на ден (понеделник - четврток)

Попусти и доплати:
- Трето лице во дополнително легло 15%,
- Бесплатно сместување за деца на возраст до 4,99 години со двајца возрасни
- Попуст -50% за деца од 4,99 до 11,99 години на дополнително легло
- Попуст -30% за деца на возраст од 4,99 до 11,99 години во сопствен кревет