Халкидики

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора".
Халкидики е полуостров со единствена убавина, претставува една од омилените туристички дестинации за нашите патници.  Самото име Халкидики потекнува од главниот град Халкида од каде на овој простор дошле првите жители уште од VII век п.н.е. Сето тоа укажува дека Халкидики отсекогаш бил атрактивен и привлечен. Покрај културно историското значење, секако природната убавина и богатство го истакнуваат Халкидики како една од најважните грчките области. Првенствено должината на брегот а потоа и пошуменоста и уреденоста како и развојот на вројните туристички центри, придонесуваат за популарноста на целиот регион Халкидики. 
Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Галерија

КАСАНДРА

Полуостровот Касандра се наоѓа на западната страна на Халкидики и локациски е најблиску до градот Солун. Исто така, тој е најпосетуваниот полуостров на Халкидики. Самиот влез во почетокот на Касандра е специфичен затоа што мора да го преминете мостот кај Неа Потидеа, кој ја поврзува Касандра со Халкидики и Заливот на Термаикос на запад, со Заливот Торонеос на исток. Полуостровот Касандра е всушност остров одделен од копното со вештачкиот канал Потидеа.
Зелениот рај на Халкидики - Касандра се наоѓа во близина на многу археолошки локалитети, од тука исто така можете да одите на излет до Света Гора, да ја посетите пештерата Патралона, најстариот мозаик во Грција на ископини на античкиот град Стагира, градот во кој е роден познатиот филозоф Аристотел.
На полуостровот Касандра, ќе најдете многу живописни пејсажи и голема понуда на апартмани и хотели по многу популарни цени, истите се лоцирани на најсеверниот крај на Халкидики, кој воедно е и најпопуларен. Благата медитеранска клима, живописните пејсажи, долгите плажи, големиот број на таверни, кафулиња и дискотеки го прават идеално место за одмор.
Плажите на Касандра се познати не само кај нашите туристи, туку и насекаде во светот. Поголемиот дел од нив се означени со "Сино знаме", кое е симбол за чиста природна плажа. Главен град на полуостровот е Касандриа, едно од најстарите места на Халкидики кое датира уште од XVI век.
Кога станува збор за туристичките места, тие на Касандра се нижат едно по друго, односно почнувајќи од Неа Фокеа, Афитос, Калитеа, Криопиги... потоа Полихроно, Ханиоти и Пефкохори до Неа Скиони, Посиди и Фурка. Сите овие локации се одлично поврзани со патна инфраструктура, така што во текот на вашиот престој во некое од овие места, ви препорачуваме да се впуштите во авантура и да запознаете дел од историјата на овој крај преку музеите, археолошките наоѓалишта, како и капење на најубавите плажи со кристално чисти води на Егејското море...

НАШИТЕ ПОНУДИ


СИТОНИЈА

Ситонија е вториот полуостров на Халкидики. Се наоѓа помеѓу полуостровите Касандра и Атос, односно Света Гора. Името го добила по Ситон, синот на богот Посејдон, а помеѓу древните градови на Ситонија, можеме да ги издвоиме Галипсос, Торони, Сингос, Сарти и други. Највисоката точка на Ситонија е планината Итамос.
Полуостровот Ситонија го сочинува прекрасниот брег во должина од 500 км. Живописните места, опкружени со прекрасни заливи и плажи од една страна и прекрасни борови шуми и плантажи со маслинки од другата страна, претставуваат вистинска оаза на мир, спокој и апсолутно задоволство.
Медитеранската клима на Ситонија како и боровата шума се главни аргументи за здрава клима и опуштен одмор.
Некои од најубавите плажи се наоѓаат на Ситонија, ги има преку 70 и со тоа може да се задоволи сечиј вкус, од оние кои бараат чисти песочни плажи до љубителите на камчести плажи. Поголемиот дел од плажите поседуваат "Сино знаме", кое означува кристално чиста вода.
Покрај оние просечните, може да се најдат и многу напуштени плажи, кои се со ретко пристапна обала која претставува вистински рај за оние кои сакаат да побегнат од гужвите. Ситонија нуди мирен и опуштен одмор во егзотична природа, а за авантуристите на располагање се и голем број на кампови.
Туристите на располагање имаат голем број на ресторани, кафулиња, таверни, рибни ресторани, пекари, продавници и маркети.
Некои од најпознатите плажи на Западниот брег се: Геракини, Псакудиа, Метаморфози, Никити, Неос Мармарас, Порто Карас, Торони, Порто Куфо, додека на источниот брег се Пирагидики, Агиос Николаос, Омос Панагиас, Вурвуру, Сарти и Каламици.
Едно од најпопуларните места за посета е Неос Мармарас кое нуди голем број на прекрасни плажи во самото место и бројни помали плажи во близина, како и таверни, продавници и ресторани.
Од тука се организираат бројни излети кои ги организираат локалните агенции, како што е крстарење по заливот Торонеос, шопинг тури до Солун, екскурзии со автобус за разглед, екскурзија до Света Гора и незаборавната Грчка вечер која треба да доживее со неверојатен залез на сонце, традиционален грчки танц и локална кујна.

НАШИТЕ ПОНУДИ


ЗНАМЕНИТОСТИ

Клима

KALITHEA WEATHER

Важни информации

Визен режим: При влез на македонски државјани на територија на Република Грција, не е потребна виза.
COVID-19 Не е дозволен влез и транзит низ Р. Грција за државјани од трети земји кои не се членки на ЕУ.
PLF документСогласно новата одлука на владата на Р.Грција, за сите патници кои ќе патуваат во Р. Грција се воведува задолжително пополнување на формулар – PLF (Passenger Location Form), и тоа најмалку 48 часа пред влез во земјата.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Официјална валута во Грција е ЕВРО (€)

Грција е држава која е членка на Европската унија и ја користи нејзината единствена валута - евро €. Користи осум ковани парички: 1 цент, 2 центи, 10 центи, 20 центи, 50 центи, 1 евро, и 2 евра. Хартиените пари се издаваат во апоени: 5€, 10€, 20€, 50 €, 100 €, 200 € и 500 € евра. Курсевите на валутата се јасно прикажани во секоја банка или лиценцирана менувачница која прифаќа размена на валути, додека сопствениците на кредитните картички можат да подигнат пари од банкомати. Доколку сакате да погледнете список на сите лиценцирани менувачници, можете да ја посетите страницата visko.gr. Банките во Грција се отворени од 08:00 до 14:30 од понеделник до четврток и од 08:00 до 13:30 во петок. Банките не работат за време на празници.

Како е организиран здравствениот систем за туристи во Грција?

За да имате пристап до неопходна здравствена заштита, туристите кои доаѓаат од земјите кои не се членки на Европска унија мораат да се консултираат со својата агенција пред патувањето. Препорака е пред поаѓање задолжително да се купи патничко и здравствено осигурување, како би се избегнале дополнителни трошоци и несакани непријатности.

Каква е климата во Грција?

Иако е релативно мала површина, климата во Грција знае драстично да варира зависно од регионот во кој се наоѓате. Северна Грција, во која доминираат планински региони има класична ладна континентална клима, снегот на планинските врвови се задржува во текот на целата зима, а температурите во зимно време достигнуваат и под 0 степени. Додека на брегот на Грција се чувствува блага Медитеранска клима која ретко има снежни услови. Меѓутоа големата влажност и силните ветрови можат да бидат честа појава. Летата се феноменални, но знаат да бидат и екстремно жешки, но самата дестинација Грција е позната дестинација во која туристите одат да се сончаат.

Грчка кујна

Грчката кујна е класична Медитеранска кујна. Се наоѓа помеѓу исток и запад, па и двете култури имале влијание на одличниот вкус на грчките традиционални јадења. Некои од највпечатливите ароми на Западот и Истокот се среќаваат во Грчката кујна што и дава специфичен вкус. Во кујната Грците сакаат да употребуваат маслиново масло, овошје, зачини, житарици, леб, вино, риба, разни видови на месо... Исто така важен дел од секое јадење се маслинките, различни видови на сирење и јогурт. Грчките десерти се карактеристични по доминантна употреба на мед и лешници.

Што можете да носите доколку патувате во Грција, а не сте жител на ЕУ?

Во Грција можете да внесете од следните производи за лична употреба доколки не сте граѓанин на ЕУ и имате повеќе од 17 години. Производи од тутун: 200 филтер цигари или 50 цигари или 250 грама тутун. Алкохолни пијалоци: 1 литар алкохол посилен од 22%, 2 литра алкохол послаб од 22%, 4 литри вино, 16 литри пиво. Медицински производи - нема лимит во количина доколку се користат за лична употреба. Останати производи (роба) доколку патувате со авион во Грција можете да носите со вредност до 430 евра по возрасно лице или до 150 евра за патници до 15 години. Доколку пренесувате злато мора да го пријавите на царина. Не смеете да превезувате животни кои не се со потекло од држава од ЕУ.

Работно време во Грција

За правење врева помеѓу 14:00 и 17:00 освен што се смета за непристојно во Грција, постои и закон кој штити од вакво однесување. Се толерираат само градежни активности кога времето за изведување на истите е ограничено. Времето за одмор помалку се почитува во големите области и градови, кои очигледно подлегнуваат на урбаниот начин на живот но вообичаено тоа е време предвидено за одмор. Доколку туристите за време на одморот престојуваат во близина на куќата на домаќините, не е културно да седат надвор и гласно да разговараат или да пуштаат музика. Во текот на летната сезона и месеци, кога е во екот туристичката сезона, вообичаениот распоред за ручек и попладневен одмор, може да се пролонгира, па ручекот некогаш го одржуваат дури околу 16 часот. Кога сте во Грција, препорачуваме да се однесувате исто како и домаќините, ќе ги воочите поволносите на овој тип на режим и ќе ви стане јасно дека овој начин на функционирање целосно одговара со грчката клима. Банките работат во период од 08:00 до 14:00 од понеделник до четврток, и од 08:00 до 13:30 во петок. Некоибанки во поголемите градови работат и помеѓу 15:30 и 18:30 преку недела и 08:00 до 13:30 во сабота. Поштите работат од 7:30 до 14:00 од понеделник до петок. Во поголемите градови се отворени до 20:00 часот, а во сабота работат од 07:30 до 14:30 часот. Работното време на рестораните е различно. Во Атина, Солун и големите градови повеќето работат за време на ручек од 11:00 до 15:00, и вечера помеѓу 19:00 и 01:00, додека рестораните во туристичките области се отворени во текот на целиот ден. Кафулињата најчесто работат од 10:00 часот и отворени се до полноќ или подоцна.

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Од нашиот блог