ЕГИПЕТ

Египет е северноафриканска држава која е меѓу најпосакуваните туристички дестинации. Лоциран е во североисточниот дел на континентот, се граничи со Либија, Судан, Израел, Гиза, и излегува на Средоземното и Црвеното море. Географски доминираат реката Нил со плодната зелена долина, како и источните и западните пустини. Престолнината на Египет е Каиро - најголемиот град на Африка, современа метропола со многубројни контрасти, од ексклузивни владини згради, палати, модерни објекти на најпознатите светски хотели, клубови, барови, бродови, ексклузивни ресторани долж брегот на реката Нил со три преубави острови, трговски центри, продавници, голф клубови...  до неурбанизирани квартови, руинирани згради, еднолични бои на пустината, шарени улични тезги.
Египет е наследник на една од најстарите древни цивилизации, која со импозантните храмови, хиероглифското писмо, мумиите и грандиозните пирамиди на бесмртните фараони, е недоминлив дел од историјата на човештвото. Помалку познатото средновековно египетското културно наследство, благодарение на христијанството и исламот, древните ранохристијански цркви, манастири и џамии само додатно го нагласуваат египетскиот културен пејзаж.

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Општи информации

 
ГЛАВЕН ГРАД: КАИРО
 
ПОВРШИНА: 1.001.450 km2
 
ПОВИКУВАЧКИ КОД: +20
 
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: ЕГИПЕТСКИ
 
ВАЛУТА: ЕГИПЕТСКА ФУНТА
 
ВРЕМЕНСКА ЗОНА: GMT + 02:00

Галерија

ЗНАМЕНИТОСТИ И ИЗЛЕТИ

Клима

CAIRO WEATHER

ХУРГАДА

Хургада е бисер на египетскиот туризам. Лоцирана е на западниот брег на Црвеното Море, со крајбрежје во должина од 40км. Градот е поделен на три дела: El Dahar - стариот град, Sakala – нов дел и центар на Хургада и Al Memsha - модерен кварт со голем број на луксузни хотели.
 
Атрактивноста на оваа дестинација пред се е резултат на нејзината местоположба на Црвеното Море или „морето во седум бои“ кое е најтопло море во светот (19C во зима, 32C во лето) богато со исклучителен подводен свет од кој одредени видови живеат само во овие води и преку 200 корални гребени од кои 50 се токму во Хургада. Вистинско доживување се спектакуларните рекреативни нуркања кои се причината за огромниот интерес и посети на туристи и љубители на природата од целиот свет. Извонредната клима, сончевите денови кои се застапени 99% годишно и просечната температура од 30C овозможуваат прекрасен престој во било кој период од годината. Во најтоплите месеци, јули и август, температурите достигнуваат до 45C, но влажноста на воздухот е 0% така што и највисоките температури не се непријатни за посетителите. Хургада е извонредна туристичка дестинација која нуди можности да ги задоволи вкусот и потребите и на најпребирливите гости. Романтика, мир и спокој, прекрасни песочни плажи заплиснати со кристалното тиркизно море и опуштена атмосфера од една страна, наспроти забава, динамика, водени спортови, аква паркови, нуркање, извонредни екскурзии за авантуристи и за оние кои сакаат да ги посетат најпознатите и најзначајни историски места во Египет.
Најголемиот број од хотелите се со исклучително богати и разновидни содржини, а самиот центар на Хургада и историските локации во околината се лесно достапни за гостите на ова летувалиште.

Области во Хургада

El Dahar

Стариот дел на Хургада е одличен за оние кои сакаат да го доживеат вистинскиот египетски начин на живот, ориенталниот дух и муслиманските обичаи. Оваа област е позната по големиот број продавнички каде може да се купат најразлични сувенири, накит, парфеми, слики на папирус, зачини и многу други автентични производи. El Dahar e вистинско место и за забава која ја нудат бројните ноќни клубови и барови.

Sakkala

Центарот на Хургада е највозбудливиот дел каде се наоѓаат најдобрите барови, дискотеки, кафетерии, ресторани, продавници за сувенири, супермаркети, шеталишта и сл. Во Sakkala се наоѓа и пристаништето на Хургада кое има прекрасен булевар со панорамски поглед на прекрасното Црвено Море, каде можат да се најдат многубројни содржини за разновидни активности. al MaMSha - се наоѓа 7km јужно од Sakkala и е позната како модерниот дел на Хургада. Тука се наоѓаат повеќето од најлуксузните хотели. Иако во оваа област има барови, ресторани, продавнички, важи за еден од помирните делови на Хургада одличен за релаксирани вечерни прошетки.

Sahl Hashessh

Овој луксузен ресорт е лоциран во мал залив 20km јужно од Хургада, кој константно се проширува и е со тенденција да прерасне во самостојна туристичка дестинација поголема од Хургада. Во овој ресорт се наоѓаат исклучиво луксузни хотели со изобилство на разновидни содржини, погоден за оние кои сакаат мирен и релаксиран одмор.

Мakadi Bay

Нов туристички ресорт лоциран во мал природен залив на 40km јужно од Хургада. Иако овој дел е опкружен со пустина, познат е по исклучителното зеленило и чистотата. Особено внимание се посветува на заштита на животната средина. Мakadi се издвојува и по својата квалитетна услуга со високи стандарди. Идеален е за фамилии и за оние кои бараат помирна дестинација за одмор.

El Gоuna

Овој ресорт се наоѓа 47км северно од Хургада, ресорт прераснат во мало градче изградено на 10км долга плажа, со мали островчиња, канали со морска вода и лагуни. El Gouna е дестинација со сите неопходни содржини потребни за удобен, безгрижен престој и најразновидни активности кои ќе ве окупираат и забавуваат во текот на вашиот одмор.

Soma Bay

Прекрасен полуостров кој се наоѓа на истоимениот залив лоциран 57км јужно од Хургада и е олицетворение на мир, луксуз и убавина. Тука се наоѓаат најубавите песочни плажи со ситен песок и панорамски поглед на пустинските планини. Во овој дел се најубавите и најскапи хотели кои се одликуваат со луксуз, стил и високи стандарди. Овој дел е најпогоден за нуркање и е богат со корални гребени. Целото опкружување, плажите и морето даваат впечаток како да сте на Сејшелските острови.


Важни информации

Визен режим: За МК пасоши виза се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.
COVID-19 За влез во Египет, потребно е да се приложи негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Важност на пасошПри влез во Египет, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 6 месеци од датумот на пристигнување.
Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Од нашиот блог