АПАРТМАНИ И ХОТЕЛИ (сопствен превоз)

HALKIDIKI,-Apartmani-2021-(APR-2021)  
PIERIA,-Apartmani-2021-(APR-2021)  
JONSKI-BREG,-Apartmani-2021-(APR-2021)  
LEFKADA,-Apartmani-2021-(APR-2021)  
EVIA,-Apartmani-2021-(APR-2021)  
TORONI-BLUE-SEA,-Old-Wing,-hotel-2021-(APR-2021)  
JENNY,-Hotel-2021-(APR-2021)  

АРАНЖМАНИ (со автобус)


COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА - ЛЕТО 2021 (Март 2021)

По последните најави на грчкиот министер за туризам, сезоната во Грција се очекува да започне на 14.05.2021 година
 
Во моментов извесни се три начини за влез во земјата:
- Сертификат за вакцинација против Covid 19 или
- Сертификат за антитела Covid-19 или
- Негативен PCR тест (не постар од 72 часа пред патувањето)

Луѓето кои се вакцинирани ќе имаат дозвола да влезат во земјата без негативен тест и нема да бидат обврзани на карантин.
Сепак, како и во 2020 година, луѓето што влегуваат во земјата преку аеродромот или преку копнените граници ќе продолжат да се тестираат преку брзи тестови по случаен избор.
Бидејќи резултатот од брзото тестирање ќе биде достапен за само неколку минути, во случај на потврден случај, лицето ќе биде спроведено во објекти наменети за изолација од „Ковид-19“ и сите трошоци ќе бидат покриени од страна на Р.Грција.
Наскоро ќе бидат достапни и повеќе ажурирани протоколи за работа на хотелите и сместувачките капацитети.
 
Важни појаснувања:
- Сите горенаведени најави може да бидат корегирани, променети и зависат од епидемиолошката состојба во Грција во наредните месеци.
- Видовите на вакцини што ќе бидат прифатени како валидни од Р.Грција сè уште не се објавени.

* НАПОМЕНА:
- Информациите не се официјални, истите се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми на ден 10.03.2021